УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ Ви овозможува користење на услуги и содржини од овој портал во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.pro-sport.com.mk.
Се смета дека корисниците се запознати со овие услови доколку користат било кој дел од порталот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба и на сопствена одговорност.


ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Друштво за промет и услуги ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ – Скопје

Подружница ПРОСПОРТ – Скопје

Адреса: Дебарца бр.13 лок.3

Тел: 02 3212 108

email: info@pro-sport.com.mk

WEB: www.pro-sport.com.mk

ЕМБС: 6409547

ЕДБ: 4030008044636

Шифра на дејност: 47.78 – Друга трговија со нови производи во специјализирани продавници.

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

  1. Општи одредби

www.pro-sport.com.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба. ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите. ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  1. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
    Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.pro-sport.com.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација,    било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон. ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. pro-sport.com.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
  2. Врски (линкови) кон други веб локации
    Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. њњњ ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
Купување без регистрација

Процесот на купување е едноставен и не бара од вас да регистрирате профил. Потребно е да внесете основни податоци како Име, Презиме, адреса, општина, поштенски број, телефонски број и е-маил адреса. Истите се заштитени и повеќе за нивната безбедност може да прочитате во делот подолу за Заштита на приватноста на податоците.

Избор на производи                                  

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: пол, тип, вид, намена, произведувач, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување. Со притискање на полето “Додади во кошничка” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.

Содржина на корпата

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од корпата

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за “ПРИФАЌАМ” за да го извршите плаќањето. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.

Плаќање

Плаќањето може да се изврши со Visa, MasterCard, Maestro и Diners картичка или во готово при достава.

Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8 до 16 часот во текот на неделата.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02 3212 108 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@pro-sport.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@pro-sport.com.mk

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, PRO-SPORT Online Shop има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку Visa, MasterCard, Maestro и Diners картичките, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ Скопје и курирската служба заради процесирање на Вашата нарачка, наплата на цената за продадените производи и навремена и точна испорака на истите до Вас но и рефундирање на паричните средства во случај на рекламација или поврат на производ.

Вашите податоци кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, се чуваат од страна на ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ Скопје се до моментот на изминување на рокот во кој Вие како наш корисник имате право да го вратите купениот производ.

При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, кој во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедноста на податоците при онлајн купување е гарантирана преку системот на НЛБ Банка АД. Така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Односно во ниту еден момент податоците за кредитна картичка не се достапни на нашиот систем.

Права на корисниците

Вие како наш корисник ги имате следните права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор.

Постапата за остварување на Вашите права е подетално опишана во Политиката за приватност со која можете да се запознаете на следнито линк

Промена на условите за користење

Со користење на нашите услуги се подразбира дека Вие како корисник ги имате прифатено овие услови за користење. ВЕКОН ИНТ ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото по потреба да изврши измени или дополнувања на условите за користење, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на www.pro-sport.com.mk при што истите ќе бидат применливи и важечки од моментот на нивното објавување.